Свет Андреас Хјетланд

„Брејвик и натаму е многу опасен, може да изврши насилство или да инспирира други“

„Неговите услови го оптеретуваат и се чувствува осамено, но мислам дека не е многу депресивен“, рече психијатарот.

„Брејвик и натаму е многу опасен, може да изврши насилство или да инспирира други“

Масовниот убиец ултрадесничарот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби вкупно 77 луѓе во Осло и на островот Утоја во Норвешка, се уште е „многу опасен“ и треба да биде чуван во самица во затвор, изјави денеска претставникот на норвешкото Министерство за правда, Андреас Хјетланд, пред судот, во рамки на сослушувањето по повод тужбата што Брејвик ја поднесе против Норвешка, барајќи да му се укине изолацијата.

Хјетланд во својот завршен говор истакна дека нема основа за тврдењата на адвокатите на Брејвик дека се кршат човековите права на нивниот клиент.

„Сè уште постои голема опасност тој да изврши насилство или да инспирира други (да извршат насилство)“, рече Хјетланд.

Како и претходните денови, Брејвик одмавна со главата во знак на несогласување со одредени забелешки на Хјетланд.

Во сведочењето на судот во вторникот, Брејвик рече дека самицата е „кошмар“ и дека размислува за самоубиство секој ден.

Адвокатот на Брејвик во понеделникот изјави дека неговиот клиент боледува од „длабока депресија“, додека неговиот психијатар вчera рече дека не мисли дека тој е во тешка депресија.

„Неговите услови го оптеретуваат и се чувствува осамено, но мислам дека не е многу депресивен“, рече психијатарот.

Адвокатите на Брејвик тврдат дека Норвешка ја прекршува Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи делови во кои се вели дека никој не треба да биде подложен на „тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување“.

Пресудата на судијата ќе биде донесена во наредните недели.

Брејвик (44) ја тужеше норвешката држава во обид да ја прекине изолацијата во затвор, а исто така бара и укинување на ограничувањата за преписка со надворешниот свет.

Денеска завршува петдневното рочиште во врска со тужбата на Брејвик. На Брејвик му беше дозволено да каже неколку зборови на крајот од сослушувањето.

Брејвик е во изолација откако во 2011 година уби осум лица со автомобил-бомба во Осло и 69 лица на островот Утоја, од кои повеќето тинејџери. (МИА)

Теми на денот

To top