Свет Мора да продолжи и денеска

Блинкен: Примирјето помеѓу Израел и Хамас дава разултати

– Изминатата недела видовме позитивен развој на настаните во враќањето на заложниците дома и нивното враќање на нивните семејства. И ова мора да продолжи и денеска. Постои можност да се зголеми хуманитарната помош за да може да стигне до невините жители на Газа, на кои очајно и е потребна, наведе Блинкен.

Блинкен: Примирјето помеѓу Израел и Хамас дава разултати

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека функционира привремениот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас.

Блинкен, на средбата со претседателот на Израел, Јицак Херцог, истакна дека Вашингтон е фокусиран на помош за ослободување на 240 заложниците киднапирани во Појасот Газа на 7 октомври. Херцог тврди дека уште околу 150 заложници сè уште се во Газа.

– Изминатата недела видовме позитивен развој на настаните во враќањето на заложниците дома и нивното враќање на нивните семејства. И ова мора да продолжи и денеска. Постои можност да се зголеми хуманитарната помош за да може да стигне до невините жители на Газа, на кои очајно и е потребна, наведе Блинкен.

Тој истакна дека привремениот прекин на огнот дава резултати и оти се надева дека истиот ќе продолжи.

Средбата Херцог – Блинкен се одржа утрово кога двајца палестински напаѓачи отвориле оган на автобуска станица во Ерусалим, при што загинаа најмалку три лица, а повредени се осуммина.

To top