Белата куќа соопшти дека затворањето на граничните премини кон Газа е „неприфатливо“, откако Израел испрати тенкови во јужниот град Рафа и ја презеде контролата врз преминот со Египет.
„Премините што се затворени треба повторно да се отворат, неприфатливо е тие да бидат затворени“, нагласи портпаролката Карин Жан-Пјер на брифинг.
Таа додаде дека уште еден премин, кај Керем Шалом, се очекува повторно да биде отворен в среда.