Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, денеска изјави дека официјален Париз се сомнева дека репресиите на иранските власти врз демонстрантите се најсуровите во современата историја на таа земја.
– Се сомневаме дека ова се најжестоките репресии во современата историја на Иран и тие апсолутно мора да престанат, нагласи Баро.
Француските власти во неколку наврати досега изразија загриженост за состојбата со човековите права во Иран, повикувајќи ги меѓународните партнери на соодветен одговор на насилството.