Свет Њујорк Пост:

Бајден за време на мандатот 40 отсто од времето го поминал на одмор

Според извештајот, на просечниот Американец, кој има 11 денови за одмор, би му требале приближно 48 години за да го акумулира тој број на слободни денови.

Бајден за време на мандатот 40 отсто од времето го поминал на одмор

Американскиот претседател Џозеф Бајден поминал 532 дена на одмор, што е околу 40 отсто од 1.326 дена колку што е на функцијата, пишува Њујорк пост, повикувајќи се на податоци од Републиканскиот национален комитет (РНЦ).

Според извештајот, на просечниот Американец, кој има 11 денови за одмор, би му требале приближно 48 години за да го акумулира тој број на слободни денови.

„Њујорк Пост“ минатата година на насловната страница објави извештај во кој се вели дека Бајден поминал 382 од неговите први 957 дена на функцијата, или 40 отсто, на приватни патувања надвор од Белата куќа.

Во споредба со Бајден, поранешниот претседател Доналд Трамп поминал 26 отсто од своето претседателствување на лични патувања надвор од Вашингтон, или 381 од неговите 1.461 дена на функцијата.

Поранешните претседатели Роналд Реган и Барак Обама биле на одмор само 11 отсто од времето во текот на двата мандати, а Џими Картер зел само 79 слободни денови, што изнесувало пет отсто од неговиот мандат.

Соработниците на актуелниот претседател постојано тврдеа дека Бајден, како и минатите претседатели, работи од далечина и е достапен и на пауза, јави Еуроњуз.

– Не е изненадувачки што истите генијалци кои го напаѓаат претседателот Бајден затоа што ги галеше кучињата херои и сака сладолед не можат да пресметаат, но тој зема помалку денови за одмор од модерниот просек на претседателите и напорно работи секој ден, каде и да е, рече еден од портпаролите на Белата куќа, Ендрју Бејтс.

To top