Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека прекин на огнот во Газа „сѐ уште е можен“ и увери дека САД не се откажуваат од напорите за постигнување примирје.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Хамас вчера се обвинија меѓусебно за неуспехот на посредничките напори за постигнување примирје, во момент кога започна посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Израел.