Претседателот на САД Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во сојузната држава Калифорнија и одобри федерална помош за засилување на државните, племенските и локалните напори за обнова на областите зафатени од невремето и поплавите што се случија од 21 до 23 јануари.
Помошта вклучува грантови за привремено сместување и поправка на домови, евтини кредити за помош во загубите од уништениот но неосигуран имот, и други програми за помош на приватни и физички лица кои настрадале од катастрофата.
Федералното финансирање за обнова од поплавите е директно достапно во округот Сан Диего, еден од најнастраданите подрачја од поплавите при крајот на јануари.