Свет

Бајден повика на одржување на посветеноста кон НАТО

Бајден повика на одржување на посветеноста кон НАТО

Американскиот претседател Џозеф Бајден повика денеска да се одржи „светата посветеност“ на неговата земја кон НАТО, во сенка на постојаните критики на неговиот републикански ривал Доналд Трамп на сметка на трансатлантската одбранбена алијанса.

„Мораме да запомниме дека е света обврска кон нашите сојузници да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, а со тоа да ја зајакнеме сопствената безбедност“, рече Бајден по повод 75-годишнината од основањето на НАТО.

НАТО е „најголемиот воен сојуз што некогаш постоел“, рече 81-годишниот демократ, кој во ноември ќе се кандидира за нов претседателски мандат.

To top