Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците.
Би-Би-Си наведува дека САД и многу други западни земји ја поддржуваат позицијата на Израел дека прекинот на огнот воено ќе им помогне на палестинските милитанти Хамас.