Американскиот претседател Џо Бајден денеска вети поддршка за Украина и најави нови 225 милиони долари помош за Киев, на средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Париз.
-САД ќе застанат со вас, му рече Бајден на Зеленски откако и двајцата присуствуваа на комеморации на Денот Д во северна Франција.
Бајден, исто така, изрази жалење за доцнењето во добивањето нова помош преку Конгресот.