Свет

Бајден ја поддржа Камала Харис како кандидат на Демократите

Бајден ја поддржа Камала Харис како кандидат на Демократите

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска, по повлекувањето од претседателската трка, ја поддржа американската потпретседателка Камала Харис како демократска кандидатка на предпретседателските избори, која би се спротивставила на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

-Мојата прва одлука како кандидат на партијата во 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој кандидат. И тоа беше најдобрата одлука што сум ја донел. Денеска сакам да ја понудам мојата целосна поддршка Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи – време е да се собереме и да го победиме Трамп. Ајде да го направиме тоа, напиша Бајден на „Х“.

Претседателот на Америка Џозеф Бајден денеска се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември. Во писмото објавено на „Х“, Бајден рече дека верува оти е во најдобар интерес на неговата партија и земја да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.

Тој рече дека ќе и се обрати на нацијата подоцна во текот на неделата за да даде повеќе детали за неговата одлука.

To top