Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи 9 јануари за национален ден на жалост за Џими Картер, повикувајќи ги Американците да ги посетат нивните места за богослужба за да му „оддадат почит“ на починатиот американски лидер.
-Го повикувам американскиот народ да се соберат на тој ден во нивните соодветни места за богослужба, таму да му оддадат почит на споменот на претседателот Џејмс Ерл Картер помладиот, наведе Бајден во прогласот на Белата куќа.
„Ги поканувам луѓето од светот кои ја делат нашата тага да ни се придружат“.