Американскиот претседател Џо Бајден во изјава без преседан ја критикуваше одлуката на Врховниот суд на Соединетите држав во понеделникот дека поранешните претседатели, во конкретниот случај неговиот републикански ривал на претседателските избори во ноември Доналд Трамп може да ужива имунитет од гонење за одредени дејствија што ги презел за време на неговиот мандат.
Врховен суд ја отфрли пресудата на понискиот суд со која на Трамп му се оневозможува да се заштити од кривично гонење, вклучително и за обвиненијата за наводниот обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, тврдејќи дека поранешните претседатели се заштитени од гонење за „службени дејствија“.
„Оваа нација е основана на принципите дека нема кралеви во Америка. Оваа одлука суштински го менува тоа“, беше остар Бајден во својата проценка.
Бајден се кандидираше за нов четиригодишен претседателски мандат на изборите што ќе се одржат во ноември, а противкандидат ќе му биде Трамп, исто како и четири години претходно. И во неговата досегашна кампања, Бајден жестоко го нападна Трамп за неговата новодна улога во немирите на 6 јануари 2021 година, кога голем број поддржувачи на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, како и ден денес, тврдејќи дека тој е победник на изборите во 2020 година кои се украдени во полза на Бајден.
Ова е прво јавно појавување на Бајден по минатонеделниот дебакл во телевизискато соочување со Трамп во која тој остави послаб впечаток од Трамп според сите оценки, а дури стигнаа и барања од неговата Демократска партија да се откаже од кандидатурата и да му го остави местото на некој помлад.