Свет

Австрискиот парламент изгласа забрана за муслимански шамии во училиштата за девојчиња под 14 години

Австрискиот парламент денеска со огромно мнозинство усвои забрана за носење шамии во училиштата за девојчиња под 14 годишна возраст, пренесоа медиумите во оваа земја.

Против мерката гласа само пратениците на Зелените бидејќи сметаат дека законот е неуставен.

Забраната за шамии беше во фокусот на соодветна дебата во парламентот, а таа се однесува на прекривки за главата што се „носат според исламските традиции“, пренесе ORF.

Училишните настани надвор од училишната зграда не се опфатени со забраната за шамии.

Казните за непочитување на забраната ќе почнат да се применуваат од учебната 2026/27 година, а казните би можеле да се движат од 150 до 800 евра.

Коалициските партии посочија дека прашањето за носење шамии се интензивирало во последните години, пренесува австрискиот јавен сервис.

Генералниот секретар на Народната партија (ОВП) Нико Маркети вети дека наставниците нема да бидат оставени сами да ја спроведуваат забраната, туку треба само да ја информираат училишната администрација, која потоа ќе преземе понатамошни чекори.

Австриската влада проценува дека оваа мерка ќе влијае на околу 12.000 девојчиња, а забраната ќе важи за сите јавни и приватни училишта.

Владата во септември усвои забрана за носење шамии во училиштата за време на наставата за ученичките под 14 години.

To top