Свет изјава

Арагчи: Техеран е подготвен за „фер и непристрасни“ разговори со САД

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска апелираше до САД и Иран да се вратат на преговарачката маса за да ги решат спорните прашања.

Арагчи: Техеран е подготвен за „фер и непристрасни“ разговори со САД

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска апелираше до САД и Иран да се вратат на преговарачката маса за да ги решат спорните прашања.

– Мирот и стабилноста на Иран се важни за нас, изјави Фидан на заедничката прес-конференција во Истанбул со иранскиот колега Абас Арагчи.

Фидан потенцира дека Анкара е против странско мешање во внатрешните работи на Иран.

– Се надеваме дека може да се изнајде решение, да се избегне конфликтот и изолација на Иран, наведе Фидан.

Арагчи истакна дека Иран е подготвен да ги обнови разговорите со САД, ако преговорите бидат „фер и непристрасни“ и не ги вклучуваат одбранбените капацитети на Иран.

Фидан и Арагчи се осврнаа и на ситуацијата во Сирија и примирјето помеѓу Дамаск и курдските сили.

– Внимателно го проучуваме договорот за интеграција; вистинската интеграција е во интерес на Сирија и сите страни веќе се запознаени со условите на овој договор, посочи Фидан.

Арагчи истакна дека „Техеран сака единство и мир во Сирија“.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во денешниот телефонски разговор со иранскиот колега Масут Пезешкијан истакна дека Анкара е подготвена да посредува помеѓу Иран и САД.

Најнови вести од Свет

To top