Свет иран

Арагчи: САД горко ќе зажалат поради потопувањето на ирански брод

– Запомнете ги моите зборови: САД горко ќе зажалат поради овој потег, објави Арaгчи.

Арагчи: САД горко ќе зажалат поради потопувањето на ирански брод

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи изјави дека САД ќе зажалат поради потопување на ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка.

– Запомнете ги моите зборови: САД горко ќе зажалат поради овој потег, објави Арaгчи.

Тој додаде дека потопувањето на бродот е злосторство на море, 2.000 милји од иранскиот брег. Иранската фрегата „ИРИС Дена“, по посетата на индиската морнарица, со 130 морнари обеше погодена во меѓународни води без предупредување.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на вчерашната прес-конференција потврди дека американската армија потопи ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка.

– Американска подморница во Индиски Океан потопи ирански воен брод, кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше потопен од торпедо „Тивка смрт“. Тоа е прво потонување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна. Како и во таа војна, кога сè уште бевме Воено Министерство, се бориме за победа, наведе Хегсет.

Властите на Шри Ланка соопштија дека 32 ирански морнари се спасени, пронајдени се 80 безживотни тела, а повеќе од 60 лица се водат како исчезнати.

To top