Свет анкета

Анкета: Само една третина од Американците го поддржуваат нападот врз Венецуела

Само 33 проценти од Американците ги одобруваат американските воени удари врз Венецуела, додека 72 проценти се загрижени дека САД би можеле прекумерно да се вклучат во таа јужноамериканска земја, покажува анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена денеска.

Според резултатите, 65 проценти од републиканците ја поддржуваат воената операција наредена од републиканскиот претседател Доналд Трамп, наспроти 11 проценти од демократите и 23 проценти од независните испитаници.

Американските сили во саботата наутро извршија смртоносна операција во Каракас, по која венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше уапсен и предаден на американските федерални власти, за да му се суди по обвиненија што вклучуваат трговија со дрога.

Анкетата покажува и значајна поддршка меѓу републиканците за надворешна политика насочена кон влијание врз соседните земји.

Околу 43 проценти од републиканците се согласиле со тврдењето дека „САД треба да водат политика на доминација во Западната Хемисфера“, додека 19 проценти не се согласиле. Останатите испитаници одговориле дека не се сигурни или не дале одговор.

Истражувањето, спроведено меѓу 1.248 возрасни лица во САД, покажува дека рејтингот на одобрување на Трамп изнесува 42 проценти – највисоко ниво од октомври наваму и пораст во однос на 39 проценти во анкетата од декември.

To top