Свет За усвојување на буџетот гласаа 74 сенатори

Американскиот Сенат усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари

Сенатот на американскиот Конгрес рано изутрината усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари, со кој е отстранета заканата за блокирање на работата на владините агенции и се обезбеди финансирање на американската влада до септември.

Американскиот Сенат усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари

За усвојување на буџетот гласаа 74 сенатори, а против беа 24, откако на полноќ истече рокот за финансирање на агенциите.

Предлог-законот во текот на денот треба да биде потпишан од американскиот претседател Џозеф Бајден за да стапи во сила.

Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека не е лесно да се постигне договор за буџетот, но упорноста се исплатеше.

Тој нацрт-закон вчера беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Усвојувањето на законот за финансирање на владата ќе стави крај на повеќемесечните жестоки расправии меѓу Демократската и Републиканската партија.

To top