Остин е цврст поддржувач на правото на Израел на самоодбрана по ненадејниот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври. Но, тој, исто така, се повеќе изразува загриженост за страдањата на палестинските цивили во Газа во израелските напади. Во говорот претходно овој месец, Остин дури ги нарече цивилите „центар на гравитација“ на војната на Израел против Хамас и предупреди дека постои ризик од радикализација на овие луѓе.
Висок претставник на одбраната што го придружуваше Остин на патувањето, изјави за новинарите дека американскиот секретар се очекува да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
„Она што го гледате на теренот, копнените операции со висок интензитет, плус воздушните напади, нема да траат вечно. Ова е една фаза од кампањата“, рече официјалниот претставник.
На средбите со израелските лидери, Остин ќе разговара токму за транзицијата во следната фаза во војната.