Свет Австралија

Албанезе го покани израелскиот претседател Херцог да ја посети Австралија по нападот на плажата Бонди

Херцог изјави дека ќе ја прифати поканата и истакна дека претседателот на Ционистичката федерација на Австралија му испратил и официјална покана во која ја изразува својата желба за посета, што има намера да го стори, изјави Албанезе на X, објави „Тајмс оф Израел“.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека го поканил израелскиот претседател Исак Херцог да ја посети Австралија, поради минатонеделниот напад врз еврејската заедница на празникот Ханука на познатата сиднејска плажа Бонди.

Херцог изјави дека ќе ја прифати поканата и истакна дека претседателот на Ционистичката федерација на Австралија му испратил и официјална покана во која ја изразува својата желба за посета, што има намера да го стори, изјави Албанезе на X, објави „Тајмс оф Израел“.

Херцог ја нагласи „важноста на преземањето на сите законски мерки за борба против големото зголемување на антисемитизмот, екстремизмот и џихадистичкиот терор“.

To top