Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди, по состанокот со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер изјави дека преговарачите покажале „невидена отвореност за нови и креативни идеи и решенија“.
Состанокот, што се одржа во Женева, вклучуваше разгледување на предлозите на Иран и одговорите на САД за клучните прашања од нуклеарната програма на Иран, објави Ал Џезира. Се додава дека за време на состанокот биле дискутирани и „неопходните гаранции“ за постигнување договор.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи изјави дека Иран влегува во третата рунда разговори со САД со „сериозност и флексибилност“, додавајќи дека разговорите ќе се фокусираат само на нуклеарните теми и укинувањето на санкциите.