Свет

Ал Ануни: Украина одлучува за условите за мировните преговори

Ништо за Украина без Украина и ништо за украинската безбедноста без ЕУ, додаде Ал Ануни.

Ал Ануни: Украина одлучува за условите за мировните преговори

Украина е таа што треба да одлучи кои се условите за мировните преговори за прекин на конфликтот, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни, во одговор на коментар на ЕУ за очекувањата од за денеска најавените разговори меѓу украински и руски претставници во Истанбул.

– Ги поддржуваме дипломатските напори за постигнување праведен, сеопфатен и траен мир во Украина. Тоа е во согласност со меѓународното право, вклучително и со Повелбата на ОН, и ние ќе продолжиме да работиме заедно со Украина и да ја поддржуваме нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, истакна Ел Ануни.

Во однос на најновиот развој на настаните на бојното поле, Ел Ануни рече дека не е работа на ЕУ да коментира која било воена стратегија, потенцирајќи дека согласно Повелбата на ОН, Украина има право да се брани од руската агресија.

– Ништо за Украина без Украина и ништо за украинската безбедноста без ЕУ, додаде Ал Ануни.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во однос на информациите дека Русија во рамки на преговорите барала писмена гаранција дека НАТО нема да се шири кон исток, вклучително и со прием во членство на Украина, Молдавија и Грузија, главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин најавил дека ќе достави писмен документ со некои од условите за одржување на мировните разговори.

– Колку што ни е познато, ништо не е доставено, а имајќи ги предвид и разговорите што ќе се одржат подоцна денеска во Истанбул, рече Пињо, додавајќи дека треба да се видат овие барање и да се процени дали тие навистина се разумни за да бидат услов за започнување на преговори.

To top