Тројца луѓе се уапсени, а различен имот во вкупна вредност од повеќе од пет милиони евра денеска е запленет во рамки на акција на полициските сили на повеќе европски земји, со поддршка на Европол, против припадници на т.н. Балкански картел во Германија.
Во координираната истрага на органите за спроведување на законот од Австрија, БиХ, Хрватска, Германија и Србија, откриено е дека криминалната ќелија на картелот била одговорна за пратки на кокаин во тежина од повеќе тони со потекло од Колумбија и дека користела различни методи за шверц на дрога во Европа, се наведува во соопштението на Европол.
Покрај тоа, ќелијата се занимавала и со перење пари преку различни компании и инвестиции во недвижен имот во повеќе земји, внатре и надвор од Европската Унија.