Свет радикални промени во надворешната и правосудна политика

Администрацијата на Трамп подготвена да го укине финансирањето на меѓународните судови

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, започнала подготовки за радикални промени во американската надворешна и правосудна политика, вклучувајќи можност за укинување на финансирањето на меѓународните судови и проекти кои со децении ги обликуваа процесите на Балканот, овјави Newsmax Balkans.

Администрацијата на Трамп подготвена да го укине финансирањето на меѓународните судови

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, започнала подготовки за радикални промени во американската надворешна и правосудна политика, вклучувајќи можност за укинување на финансирањето на меѓународните судови и проекти кои со децении ги обликуваа процесите на Балканот, овјави Newsmax Balkans.

Според информациите до кои дојде Newsmax Balkans од доверливи извори блиски до администрацијата на Трамп, во Вашингтон веќе започнал процесот на подготовка за една од најострите промени во американската надворешна и правосудна политика – целосно или драстично намалување на финансирањето на меѓународните правосудни институции.

Нашите извори истакнуваат дека САД во изминатите децении вложиле „повеќе од 100 милијарди долари“ во меѓународни судови, специјализирани совети и различни правосудни фондови ширум светот.

Новата администрација смета дека овој модел е „застарен“, политички компромитиран и финансиски неодржлив, особено затоа што, како што тврдат, многу од тие институции биле користени за надворешнополитички цели на претходните администрации.

Според наводите на високи функционери, во врвот на новата администрација постои јасен став: Америка е на прво место и „не би требало да се меша во внатрешните проблеми на другите држави“, особено кога тоа чини американски даночни обврзници.

Како што наведува нашиот извор, финансирањето на меѓународните судови би можело целосно да се прекине, а средствата да бидат пренасочени кон американските внатрешни приоритети.

Според тие информации, на удар би се нашле и институциите кои со децении имаат клучна улога на Балканот – специјализираните совети на Косово, меѓународните правосудни проекти во регионот и поширокиот систем на поддршка на правосудството кој во голема мера зависеше од американски средства.

To top