Синот на поранешниот претседател на СДСМ и екс премиер на Македонија, Владо Бучковски преку мегафон означил крај на синоќешниот протест во Скопје на кој имаше неколку илјади граѓани.
Како што објавија повеќе медиуми, како и коментари на социјалните мрежи, појавувањето на лице блиско до круговите на СДСМ отвора сомнежи за искреноста на протестот, кој беше најавуван како граѓански, непартиски и неполитички и дека учесниците, наводно, се борат за промена на системот.
Бучковски е поранешен портпарол на Владата на СДСМ, министер за одбрана, премиер, лидер на СДСМ и специјален пратеник на бившите премиери Зоран Заев и Димитар Ковачевски за спорот на Македонија со Бугарија.
Сега се случува апсурдна ситуација. Синот на Бучковски е на чело на протестот за смена на системот, кој со години го создавал и неговиот татко.
Бучковски остана запаметен со повеќе политички и криминални афери, како што беа настаните во Струга по новата територијална поделба на Македонија, како и осуден за криминал со тенковски делови, но не одлежа ниту ден в затвор.
Другиот вчерашен протест на студентите, или студентски пленум, доживеа фијаско бидејќи студентите ги прочитаа намерите на партијата Левица, чиј активист со мегафон, како и синот на Бучковски, во кругот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј порача дека новинарите се непожелни на собирот кој доживеа фијаско.
Пред почетокот на вчерашниот протестен марш во Скопје, наречен „Кој е следен?“, на прес-конференција беше кажано дека се граѓанска иницијатива и дека не се поврзани со ниту една политичка партија.