Скопје

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши завршен увид на новата централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“, каде градежните активности се целосно завршени и по набавка на опремата објектот ќе биде целосно ставен во функција.

Станува збор за современ простор со вкупна површина од 300 м² на две нивоа. На долниот кат, ќе се наоѓа кујната, којашто ќе има капацитет за подготовка на повеќе од 600 оброци дневно, додека горното ниво ќе се користи како магацински простор. Покрај потребите на детската градинка, со пуштање во употреба на оваа централна кујна ќе се обезбедуваат оброци и за основните училишта во општината кои имаат продолжен дневен престој.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека со реализација на овој проект се создаваат услови и за проширување на капацитетот на градинката, бидејќи постојната кујна ќе биде пренаменета во две нови занимални. На тој начин ќе се овозможи згрижување на дополнителни 50 деца, со што вкупниот капацитет на градинката ќе достигне 650 дечиња.

Новата централна кујна е дел од пошироката стратегија на Општина Илинден за унапредување на раниот детски развој и подобрување на условите за воспитно-образовна дејност. Општина Илинден и во иднина ќе продолжи со имплементација на проекти што придонесуваат за развој на образованието, здравството, социјалната заштита и инфраструктурата.

To top