Скопје мвр

Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност

Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул „Народен Фронт“ и ул „Васил Ѓорѓов“ пекара Силбо, Порта Македонија итн.

Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, велат од МВР.

To top