Речиси половина век жителите на улица „Христо Татарчев 2” и краците “8” и “10” чекаа реконструкција на овие сообраќајници по кои секојдневно се движат.
Видно задоволни по реконструктивниот зафат кој во изминатиот период го изведе Општина Кисела Вода, на градоначалникот Ѓорѓиевски кој ги посети, му кажаа дека не е зголемен само комфорот, туку и безбедноста во населбата Кисела Вода.
-Финализираат градежните активности на улица „Христо Татарчев 2” и краците “8” и “10” кои беа една голема потреба на жителите на овој дел од општината. Како што самите кажаа, 50-тина години овде немало реконструкција на патната инфраструктура што резултирало со големи оштетувања на асфалтот и проблеми во одвивањето на сообраќајот. Реконструктивниот зафат кој го привршуваме е на површина од 3028 квадрати и конечно со него се става крај на проблемите што ги имаа жителите на населбата Кисела Вода. Продолжуваме со интензивна работа и во сите останати населби и населени места, целосно менувајќи го на подобро ликот на општината и унапедувајќи ги условите за сите наши жители. Сакам од срце ви се заблагодарам на сите тука присутни, за овој преубав гест и благодарницата која ќе стои на посебно место во мојот дом. Ми го наполнивте срцето. Благодарам, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.