Скопје Исполнето ветување

Во срцето на Аеродром: Комплексот познат како „Бојмија“ добива целосно нов и модерен изглед

Проектот опфаќа целосна реконструкција на детското игралиште и фитнес просторот, изведба на ново фудбалско игралишта со вештачка трева и атлетска патека, целосна реконструкција на урбаната опрема, како и уредување и пуштање во употреба на фонтаната.

Во срцето на Аеродром: Комплексот познат како „Бојмија“ добива целосно нов и модерен изглед

За спортистите, навивачите и вистинските аеродромци – инвестираме во поубава општина, создаваме урбани локации каде младите ќе спортуваат и каде ќе живее маалскиот живот, велат од општина Аеродром.

-Во срцето на Аеродром, комплексот познат како „Бојмија“ добива целосно нов и модерен изглед. Со ова продолжуваат активностите за реконструкција и разубавување на локалните површини во општината, а граѓаните добиваат уште еден простор за спорт и рекреација, велат од општината.

Градоначалникот Тимчо Муцунски информираше за инвестицијата и истакна дека проектот опфаќа целосна реконструкција на детското игралиште и фитнес просторот, изведба на ново фудбалско игралишта со вештачка трева и атлетска патека, целосна реконструкција на урбаната опрема, како и уредување и пуштање во употреба на фонтаната.

To top