На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.