Скопје честитка

Во пресрет на Денот на жената градоначалникот Александар Георгиевски со подароци за понежниот пол во Општина Илинден

Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози, велат од Општина Илинден.

Во пресрет на Денот на жената градоначалникот Александар Георгиевски со подароци за понежниот пол во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија, но и на општинската администрација.

-Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози, велат од Општина Илинден.

Тој истакнал дека денешниот ден е симбол на борба за еднаквост и рамноправност во општеството. Жените, рекол, се тие што знаат да направат баланс, да бидат столбот на семејството, да бидат успешни, нивната мисија е да креираат и да реализираат. Градоначалникот додаде дека улогата на жената е се позначајна во општеството.

To top