Скопје Инвестиција во иднината на децата

Во Драчево започнува изградбата на нова спортска сала за учениците во „Кузман Шапкарев“

Проектот, дел од 22-те инвестиции за Кисела Вода, е резултат на заедничка соработка меѓу централната и локалната власт, со цел создавање подобри услови за воспитување и развој на младите

Во Драчево започнува изградбата на нова спортска сала за учениците во „Кузман Шапкарев“

Денес, на местото каде што наскоро ќе започне изградбата на нова спортска сала за учениците во ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, беше истакнато дека овој проект е дел од 22-те инвестиции што ќе се реализираат во општина Кисела Вода. Средствата се обезбедени преку заедничка и одговорна соработка помеѓу централната и локалната власт, со јасна цел – да се создадат подобри услови за воспитување и развој на децата.

„Како пратеници, нашата работа не завршува во Собранието. Таа продолжува на терен, со реални чекори и видливи резултати. Секој вложен денар во младите е инвестиција во нашата иднина“, порача пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

🏗️ Денес сум тука, на местото каде што наскоро ќе започне изградбата на нова спортска сала за нашите ученици!

✅…

Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Friday 8 August 2025

Најнови вести од Скопје

To top