Ѓорче Петров ја доби најубавата новогодишна елка во градот, објави градоначалникот на општината Александар Стојковски.
-Годинава, центарот на нашата општина блесна со магијата на празниците! Елката во Ѓорче Петров, украсена со илјадници светилки и уникатни декорации, стана симбол на заедништво и радост за сите наши жители, потенцира во објавата.
-Дојдете, споделете ја празничната атмосфера и уживајте во волшебните моменти со најубавата елка во Скопје!, нотира во објавата Стојковски.