Скопје увид

ВИДЕО: До каде е санацијата на покривот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“

Денеска извршивме увид во градежните активности кои што се спроведуваат во пливачкиот базен, поточно санацијата на покривот којашто е неопходна за понатамошно непречено користење на базенот, напиша на својот Фејсбук профил директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски.

Безбедноста на корисниците на пливачкиот базен е најважна. Токму затоа навремено реагиравме на одредени појави кои укажуваа на нарушени безбедносни сегменти, кои можеа во иднина да предизвикаат фатални последици. Секојдневно сме во комуникација и координација со изведувачите на санацијата, како и со професорите од Градежен Факултет – Скопје во однос на насоките и препораките за следните чекори. Наша обврска како спортски центар е да ги услужиме сите спортисти и рекреативци, но пред сѐ, да обезбедиме содржини каде посетителите ќе се чувствуваат безбедно. Остануваме посветени во решавањето на овој горлив проблем сѐ до негова финализација. Благодарам за поддршката и за разбирањето, истакна Апостолоски.

Најнови вести од Скопје

To top