Скопје ЈП Водовод и Канализација

Утре без вода ќе бидат дел од корисниците на општина Центар и Карпош

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.

Утре без вода ќе бидат дел од корисниците на општина Центар и Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека на ден 22.10.2025 година (Среда) имаат планирани две интервенции во водоводната мрежа и тоа:

– поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.9-ти Мај 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

– поради двоење во шахта на ул. Московска 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Његошева, Копенхагенска, Стокхломска и Петар Драганов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности, општина Карпош.

Најнови вести од Скопје

To top