По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2024 година (сабота) со вообичаено работно време.