Пред неколку дена угинала слоницата во скопската ЗОО,која не ја извести јавноста за овој случај.
Неколку дена се правеле планови како да биде изнесено умреното животно надвор од градината и каде да се закопа.
Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.
Според снимките на „Скопје1“, со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката.
Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.
Инаку во изминатите три години угинаа сите три жирафи,една по друга, без да дочекаат старост во скопската зоолошка градина.