Скопје едно од главните јадра во овој дел од Аеродром

Трговскиот центар во Лисиче конечно добива нов, модерен и уреден изглед

Со проектот се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6 000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.

Трговскиот центар во Лисиче конечно добива нов, модерен и уреден изглед

Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.

Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место каде што секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие.

Со проектот се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6 000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.

Просторот ќе биде и хортикултурно збогатен и опремен со нова урбана опрема.

Исто така, во трговскиот центар ќе бидат поставени и маси за шах, како и детско игралиште за пријатен престој и дружење на сите генерации.

Станува збор за капитален инфраструктурен проект, реализиран со поддршка од Владата, во вкупна вредност од 22,2 милионa денари.

-По подолг период, жителите на Лисиче добиваат уреден и побезбеден трговски центар – простор што секојдневно го користат голем број граѓани и претставува важен дел од локалното живеење. Продолжуваме со инвестиции што го подобруваат квалитетот на животot и го разубавуваат Аеродром, велат од општината.

Теми на денот

To top