Скопје Влезот е бесплатен за сите

„Тоше, те сакаме“: Културно-уметнички настан во чест на Проески 

„Тоше, те сакаме“ е повеќе од настан – тоа е порака за љубов, човечност и вредности што живеат вечно.

„Тоше, те сакаме“: Културно-уметнички настан во чест на Проески 

Општина Аеродром го најавува културно-уметничкиот настан во чест на Тоше Проески, наречен „Тоше, те сакаме“.

На 23 јануари 2026 (петок), од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, ќе се одржи настан посветен на ликот и делото на нашиот Тоше Проески.

Настанот е иницијатива на жителите, реализиран со поддршка и коорганизација на Општина Аеродром, во соработка со детските градинки, основните училишта и партнерите Boemot и RVR Brend.

Преку музика, уметност и детска креативност, ќе ја одбележиме хуманоста и трајното вредности на Тоше.
Настапуваат: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов.

„Тоше, те сакаме“ е повеќе од настан – тоа е порака за љубов, човечност и вредности што живеат вечно.

Влезот е бесплатен за сите.

To top