Скопје општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Утрово се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб

Општината будно ја следи состојбата. Постојано сме на терен, подготовени да реагираме во секој момент. Секогаш со народот – за народот, потенцира Стојкоски.

Стојкоски: Утрово се одржа состанок на општинскиот Кризен штаб

По серијата пожари што вчера зафатија неколку локации на територијата на Општина Ѓорче Петров, утрово се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб на кој беа разгледани настаните, утврдени предизвиците на терен и беа донесени конкретни заклучоци за унапредување на координацијата и реакцијата при идни интервенции.

Во услови на силен ветер и отежнати временски услови, благодарение на навремената интервенција и целосната ангажираност на сите служби, пожарите беа локализирани без човечки жртви и со минимални материјални штети.

„Во текот на целиот ден бев на терен и лично сведочев на пожртвуваноста и организираноста на сите служби, како и на храброста и солидарноста на нашите сограѓани. Ѓорче покажа дека знае да се справи кога е најтешко. Сите заедно, како едно“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

На состанокот на Кризниот штаб беа донесени мерки за:
• поефикасна координација помеѓу институциите,
• побрза мобилизација на ресурси на терен,
• јасна комуникација и редовна проверка на потенцијално ризични подрачја.

Градоначалникот Стојкоски упати искрена благодарност до Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, како и до поединци и жители на општината кои доброволно се вклучија со сопствена механизација и помош во гаснењето на огнот.

Општината будно ја следи состојбата. Постојано сме на терен, подготовени да реагираме во секој момент. Секогаш со народот – за народот, потенцира Стојкоски.

Најнови вести од Скопје

To top