Скопје

Стојкоски: Стоп за дивоградбите во Ѓорче Петров, одлучно против урбаната мафија – законот мора да важи подеднавко за сите

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку виде објавено на Фејсбук вели дека законот мора да важи подеднакво за сите во Ѓорче Петров.

Стојкоски: Стоп за дивоградбите во Ѓорче Петров, одлучно против урбаната мафија – законот мора да важи подеднавко за сите

„ЗАКОНОТ МОРА ДА ВАЖИ ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ‼️

СТОП ЗА ДИВОГРАДБИТЕ, ОДЛУЧНО ПРОТИВ УРБАНАТА МАФИЈА‼️

❌ Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања.

⚖️ Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола.

🔴 Согласно законската регулатива, донесовме Решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.

✅️ Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и “дупки во законот” за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото.

🔴 Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Скопје

To top