Денеска продолжува интензивната акција за расчистување на снежните врнежи околу јавните објекти и пристапите до нив, објави Александар Стојкоски градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Возилото на комунален пункт на Општина Ѓорче Петров е постојано ангажирано, а дополнително и фирмата подизведувачка активно работи на расчистување на снегот. Со трудољубивост, посветеност и упорност, продолжуваме да обезбедуваме безбедни и пристапни услови за сите граѓани, потенцира во објавата Стојкоски.