Скопје На гости во Ханриево

Стојкоски: Паркот на Ѓорче Петров блесна во фолклорни бои

Огромна благодарност до сите учесници, организаторите од Едукативното фолклорно здружение “Седум осмини”, и до сите граѓани кои ни се придружија на оваа убава традиција, потенцираше Стојкоски.

Стојкоски: Паркот на Ѓорче Петров блесна во фолклорни бои

Денес, во паркот на Ѓорче Петров, повторно блесна духот на македонскиот фолклор со одржувањето на прекрасната манифестација “Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”. Во срцето на Ѓорче, со учество на седум културно-уметнички друштва, младите ни ја претставија македонската традиција преку богати фолклорни танци и игри, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

-Иако времето не ни беше најдобар сојузник, дождот не можеше да ја расипе магијата! На крајот, сите присутни се фатија за раце и заиграа оро, создавајќи атмосфера полна со радост и заедништво!, стои во објавана на фејсбук профилот на Александар Стојкоски.

-Огромна благодарност до сите учесници, организаторите од Едукативното фолклорно здружение “Седум осмини”, и до сите граѓани кои ни се придружија на оваа убава традиција, потенцираше Стојкоски.

To top