Скопје Ѓорче Петров

Стојкоски: Нов терен со вештачка трева во дворот на ООУ Страшо Пинџур

Продолжуваме за подобра иднина и услови за сите генерации, стои во објавата на Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Стојкоски: Нов терен со вештачка трева во дворот на ООУ Страшо Пинџур

Отпочнавме со поставување на нов терен со вештачка трева на вкупна површина од 800 метри квадратни, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Тој додаде дека: Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации! Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт.

Досега ги изградивме:
-Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска
-Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
-Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
-Тартан подлога на спортски центар ГеГе
-Тартан подлога на спортски центар Бранители
-Градиме спортска сала во Хром, потенцира во објавата.

До крајот на наредната недела ќе има уште еден вештак во дворот на ООУ Мирче Ацев. Продолжуваме за подобра иднина и услови за сите генерации, стои во објавата на Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

To top