Скопје Дом на култура

Стојкоски: Горди сме што Ѓорче е место каде се негува традицијата, се вреднува трудот и се почитува секој човек

Уште еднаш докажаа дека музиката и дружбата не познаваат години – настап кој допре до срцата на сите присутни, изјави Стојкоски и додаде: – Секогаш со срце, несебично и со многу љубов. Тие се нашата гордост, искуство и инспирација.

Стојкоски: Горди сме што Ѓорче е место каде се негува традицијата, се вреднува трудот и се почитува секој човек

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека Домот на култура Ѓорче Петров е отворен за сите региони и сите генерации.

Првиот човек на општината, Стојкоски објави на својот фејсбук профил дека, повторно се исполнил просторот со песна, музика, ора и убава енергија од страна на членовите на Здружението на пензионери од Скопје кои приредија вистинско уживање.

Уште еднаш докажаа дека музиката и дружбата не познаваат години – настап кој допре до срцата на сите присутни, изјави Стојкоски и додаде: – Секогаш со срце, несебично и со многу љубов. Тие се нашата гордост, искуство и инспирација.

-Горди сме што Ѓорче е место каде се негува традицијата, се вреднува трудот и се почитува секој човек. Продолжуваме заедно!, потенцира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

To top