Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика демографија и млади потпишаа договор за изградба на нова детска градинка за 120 дечиња, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Стојкоски информира дека детската градинка ќе се изгради во населено место Дексион, на 900 метри квадратни, а вкупната инвестиција е 82 милион денари.
Најмладите од општината ќе имаат можност за квалитетен престој и развој во средина која ги подготвува за училишни успеси. Продолжуваме со реализација!, потенцира во објавата.
Во тек е изградбата и на градинката во населено место Стопански двор, а наскоро започнуваме со процесот за апликација на нова градинка во Александрија. Заедно создаваме подобра иднина за нашите најмлади жители!, наведе Александар Стојкоски.