Скопје ќе се гради цел комплекс

Стефковски: Започнува изградбата на нов спортски центар во Хиподром

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека започнува со изградба нов спортски центар во населба Хиподром.

Стефковски: Започнува изградбата на нов спортски центар во Хиподром

Во објавата, градоначалникот Стефковски пишува:

НЕКА Е АИРЛИЈА! ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ СПОРТСКИ ЦЕНТАР ВО ХИПОДРОМ!

Со задоволство сакам да ги информирам граѓаните дека започнува изградбата на новиот спортски центар во населба Хиподром со што се исполнува уште едно ветување дадено пред граѓаните!

На терен се започнати подготвителните градежни активности и наскоро ќе означиме и почетокот на градбата на спортскиот центар.

На местото на поранешното училиште Вера Јоциќ ќе изградиме цел комплекс на кој жителите од Хиподром ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат.

Среќен сум што со нашата секојдневна работа реализираме проекти со кои Гази Баба станува урбана и модерна општина! – напиша Стефковски.

To top