Скопје доверба за уште еден градоначалнички мандат

Стефковски: Во радоста се радувам со Вас, а во тагата – тагувам!

Актуелниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски ќе биде кандидат за уште еден градоначалнички мандат на претстојните локални избори закажни за претстојнава есен.

Стефковски: Во радоста се радувам со Вас, а во тагата – тагувам!

Актуелниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски ќе биде кандидат за уште еден градоначалнички мандат на претстојните локални избори закажни за претстојнава есен.

Ова беше потврдено на вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со длабока почит и искрена благодарност ви се обраќам во еден многу важен и значаен момент – по одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да ме номинира за кандидат за градоначалник на општина Гази Баба во втор мандат. Најнапред, од срце му благодарам на Извршниот комитет за укажаната доверба, но особено на претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Вашата поддршка ми значи многу – не само како поттик, туку како потврда дека патот што заедно го газевме изминативе години бил правилен, правичен и чесен. Но, мојата најголема благодарност оди – до Вас, граѓаните на Гази Баба. Вие сте мојата сила, мојата инспирација, мојата мотивација. Благодарам што повторно ми ја давате вашата доверба, благодарам што преку анкетите и директната поддршка ми покажавте дека верувате во она што го правевме, и дека сакате да продолжиме заедно, порача првиот човек на општината.

– Јас сум еден од Вас. Растев овде, живеам овде. Во радоста се радувам со Вас, а во тагата – тагувам. Моето срце е врзано со Гази Баба и со секој од вас – без разлика на вера, етничка припадност, политичка ориентација. Затоа велам – само обединети, заедно, ќе продолжиме напред, вели Стефковски во својата фејсбук објава каде сподели за досегашните резултати.

– Мојот прв мандат го завршувам со 670 реализирани проекти. Да, 670! Но не само бројки – туку вистински промени кои се гледаат, чувствуваат, живеат! Во моментов имаме повеќе од 150 проекти во реализација, и тоа зборува доволно за нашата визија и енергија која не запира. Денес, со гордост можам да кажам дека овие четири години се историски најуспешните за Гази Баба. Заедно направивме повеќе од што многумина мислеа дека е возможно:

Две нови детски градинки,

Едно ново основно училиште,

Дом на културата,

Три нови спортски сали,

30 километри нова мрежа на фекална канализација,

Повеќе од 160 асфалтирани улици,

60 детски катчиња,

35 нови спортски терени на тартан подлога,

6 терени со вештачка трева,

5 фитнес зони на отворено,

Бесплатни униформи за сите 7.000 ученици во општината,

Финансиска поддршка од 3.000 денари за секое новороденче и секое прваче.

Најнови вести од Скопје

To top