Скопје НЕМА КОМПРОМИС

Стефковски во борба против загадувањето: Поднесена кривична пријава за загадување на воздухот

Стефковски посочи дека овој чекор за постапување како локална самоуправа го превземавме по големиот број на реакции на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територија на општина Гази Баба.

Стефковски во борба против загадувањето: Поднесена кривична пријава за загадување на воздухот

Поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за согорување отпад на отворено и загадување на амбиенталниот воздух. Општина Гази Баба до Основното јавно обвинителство поднесе Кривична пријава против непознат сторител за согорување отпад на отворено и загадување на амбиенталниот воздух, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

-Имено во изминатиот период инспекциските служби на општина Гази Баба вршеа постојан инспекциски надзор и по обезбедување на соодветни докази, фото – документација и изготвени записници за извршен инспекциски надзор, согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух е поднесена кривична пријава, вели тој.

Стефковски посочи дека овој чекор за постапување како локална самоуправа го превземавме по големиот број на реакции на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територија на општина Гази Баба.

-Имајќи ги предвид обезбедените докази, лично сметам дека се исполнети условите за кривичен прогон по конкретното кривично дело и очекувам органите на прогон да постапат согласно Законските надлежности и да отпочнат соодветна постапка која ќе заврши со подигање на обвинение пред надлежен суд во Република Македонија. Заштитата на здравјето и животот на граѓаните, како и заштитата на животната средина остануваат на врвот на приотитетите на мојот мандат. Недозволиво е некој за лични бизнис интереси да го загадува амбиенталниот воздух и да го доведува во прашање животот на граѓаните, посочи градоначалникот.

Најнови вести од Скопје

To top