Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско.
За таа цел, денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во Клиниката за Гинекологија и акушерство ја посети мајката.
-Утрово на клиниката за Гинекологија и акушерство ја посетив мајката Џелјан Сејди од Страчинци која роди четврто женско дете.
Општина Гази Баба на мајката која го роди првото бебе во 2024 година и доделува еднократна парична награда во висина од 20.000 денари.
Посакувам во новата година да се родат многу дечиња, а општината ќе биде тука да создава услови за безгрижно детство, напиша Стефковски.